Македонија
6. February 2019 - 8:10

Oблачно и постудено време со врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до седум, а дневната од нула до девет степени.

Во Скопје, слично време, облачно и постудено со врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до шест степени.

Потоа, во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.