Облачно и магливо време, од петок пониски температури
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Маглата вдолж Повардарието ќе се задржи до раните попладневни часови. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје претпладне и околу пладне магливо и облачно, попладне маглата и облачноста ќе се намалат. Температурата ќе биде до 17 степени.
Утре ќе преовладува облачно и магливо време, а во четврток ќе биде посончево, информира Управата за хидрометеоролшки работи. Во петок и сабота повторно ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава. Од петок ќе дува умерен дозасилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието,а пладневните температури ќе се намалат за неколку степени.
Ново на Сител
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35