Македонија
11. December 2020 - 12:54

Објектот на Пошта избран во 12-те најзагрозени локалитети во Европа

Објектот на Пошта на Северна Република Македонија се најде на листата на 12 најзагрозени споменици во Европа. Зградата на пошта влезе во потесниот круг на 12 загрозени објекти во конкуренција на околу 300 апликанти од разни европски држави, информираше денеска генералниот директор на Пошта, Јани Макрадули.

-Ова претстваува претфинален избор во рамки на програмата 7-те најзагрзени за 2021 година, која ја спроведува Европаностра- Европскиот глас на граѓанското општество. Објекот на Пошта се најде меѓу 12 најзагрозени локалитети во конкуренција на околу 300 апликцаии од различни делови на Европа, од страна на интернационално советодавно тело, составено од експерти по историја, архиологија, архитектура, конзервација, проектни анализи и финансии, истакна Макрадули.

Финалната листа и првиот грант за 7-те најзагрозени објекти ќе биде позната и објавена почетокот на 2021 година.

-Доколку пошта биде избрана во овој финален круг апликанти, тоа ќе значи краткорочни и долгорочни планирања, кои ќе обезбедат трајно зачувување и повторно заживување на објектот и негово достојно предавање на идните генерации како заштитено културно и градителско наследство, нагласи Макрадули.

Тој информира дека една од краткорочните мерки ќе биде и поставување привремен покрив за да се спречи натамошното уништување на објектот. Освен тоа, предвидено е функционално преиспитување на просторните можности преку спроведување јавни дискуси и дебати.

-Денес после повеќе години ги отвораме вратите за нова надеж на оваа некогашна главна шалтер сала на пошта. Овој најсилен симбол на постземјотресно Скопје, еден од најсветлите светски примери на модернизмот, граден по скопскиот земјотрес 1963 година, финализиран во 1974 година. Ова извонредно дело на македонскиот светски признат уметник Јанко Константинов, е многукратно наградуван проект во зејава и странство и изложен во МоМа во Њујорк. За жал, овој објект претрпе голема штета во пожарот во 2013 година. Куполата, внатрешните енетрниерни површини, специјално дизајнирани од Бошко Лазовски, фреските се уништени, истакна Макрадули.

Тој потенцира дека е потребно овој објект да се обнови.

Номинацијата на зградата на централната пошта била поднесена од Институтот за истражување на животната средина, градежништво и енергетика (ИЕГЕ) а поддржана од .АД Пошти, како и од Министерството за култура.

Ново на Сител