Објавила фотографија од својата венчавка, а за возврат добила отказ од работа
Учителката Џозелин Марфи од Мајами добила отказ од католичкото училиште Св. Петар и Павле, откако објавила фотографија од својата венчавка. Венчавката се одржа во првиот викенд од февруари, а пред неколку денови Марфи добила отказ од работа.
Таа направила венчавка со својата партнерка, Наташа Хас, девојката со која била во врска претходните две години, но тој чин наишол на неодобрување од страна на раководството на училиштето.
Венчавката се одржа првиот викенд од февруари, а пред неколку денови Марфи добила отказ откако ја објавила фотографијата на социјалните мрежи. Разочараните родители, два дена подоцна организирале протест и барале да им се објасне зошто учителката е отпуштена, но за жал не добиле никакво објаснување.
Портпаролката на архиепископијата во Мајами, Мери Рос Агоста потврди дека Марфи добила отказ, а не даде причини зошто.
Од 2015 година на Флорида се дозволени истополовите бракови, но уште тогаш архиепископот Томас Венски пратил писмо до сите вработени во архиепископијата, вклчувајќи ги и родителите и учителите со кое ги потсетува што сè очекува од нив и кои се вистинските католички вредности.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата