Живот
1. November 2016 - 12:14

Објави снимка како нејзиното момче вози со брзина од 190км/ч - Следниот момент сите беа мртви

Џоли Бартоломе на Снепчет објави видео снимка која е единствен доказ за сообраќајната несреќа која ја предизвика нејзиното момче, Пабло Кортез при дивеење на автопатот.

На снимката се гледа дека Кортез возел со брзина од 190 километри на час и при тоа предизвикал сообраќајна несреча во која загинаа 5 лица, меѓу кои и 2 деца.

Сообраќајната несреќа се случи во Тампа во Америка.

Кортез при брзото возење изгубил контрола над возилото, поминал во спротивната лента и директно се судрил со „тојота“ која доаѓала од спротивен правец.

По сударот „тојотата“ се запалила и притоа загинале: Џон Бернал (9), Изабел Бернал (10) и Марианела Муриљо (39). Џоли и Пабло исто тка загинале во сообраќајната несреќа.

Покрај нив, уште две лица во тешка состојба се префрлени во блиската болница.

Погледнете го видеото, со напомена дека со вознемирувачка содржина: