Македонија
5. јуни 2016 - 12:27

Објавено третото издание на книгата „Човечулец“ на Александар Прокопиев

Излезе од печат третото, дополнето издание на книгата раскази „Човечулец (бајки од левиот џеб)“ на Александар Прокопиев, добитник на угледната книжевна награда “Балканика”.

Книгата во издание на „Магор“ содржи нови „бајки за возрасни”, што прв пат се печатени во збирката. Според авторот Прокопиев, „сега Човечулецот е со конечна содржина и дебелина“. 

Досега „Човечулец” е издаден на полски, англиски, српски и хрватски јазик. Одделни преведени раскази од книгата се влезени во неколку меѓународни антологии и избори. Наскоро книгата ќе биде преставена пред турските (во издание на истанбулскиот „Пинхан”) и пред италијанските (во специјализираната едиција на „Беса”) читатели.