Македонија
11. April 2016 - 13:11

Објавено првото издание на Весникот за заштита на регионот на Охридското Езеро, поддржан од УНЕСКО

Како дел од активностите предвидени со Проектот за интегрална заштита на културното и природното богатство на Охридскиот регион поддржан од УНЕСКО, објавено е првото издание од Весникот за заштита на регионот на Охридското Езеро.

Станува збор за тријазично издание, во кое се поместени фактографски податоци за регионот, преглед на сите настани и идни активности во контекст на промоцијата и зајакнувањето на капацитетите на институциите во Охридскиот регион, од обете страни на езерото односно и од македонска и од албанска страна.

УНЕСКО стои зад заштита на наследството на Охридскиот регион од секој аспект, преку зајакнување на институционалните капацитети, но и развивање мерки за негова одржливот и промоција, како и интегралност преку подготовка за ставање на албанската страна на регионот под заштта на УНЕСКО.

Наредното издание на Весникот за заштита на регионот на Охридското Езеро ќе биде посветено на туризмот во Струга и Дебарца, како и на активностите во рамки на кампањата за одговорно управување со отпадот.