Балкан
17. December 2017 - 9:13

Објавени шокантни информации: Погледнете каков план подготвиле навивачите кои беа претепани

Хрватите кои се уапсени во текот на навивачките нереди на дербито помеѓу Партизан и Црвена Ѕвезда, во петокот се спроведени во Јавното обвинителство во Белград.
 
За нив е побарана мерка притвор, а одлуката за тоа ќе биде донесена во идните неколку часа.
 
Пеколниот план за предизвикување нереди на стадионот на Партизан, кој би се прелиле и на улиците во Белград, е креиран во еден хотел во Загреб.
 
Наводно Филип Кораќ, десна рака на шефот на Земунскиот клан Лука Бојовиќ, со извесни херговски криминалци и претприемачи ги договорил сите детали од акцијата. Тој ангажирал и свои луѓе да дојдат во Белград и да предизвикуваат нереди.
 
Во Србија влегле на 12 декември и биле сместени во познат хотел во поширокиот центар на Белград. Трошоците за патот, сместувањето и ангажманот ги платил наводно Филип Кораќ. Освен него, во организацијата на предизвикување нереди и превземање на јужната трибина, учествувале уште четворица криминалци од Белград, од кои тројца се поранешни лидери на навивачите.
 
 
Тројцата приведени од Сплит добиле 10.000 евра да дојдат во Белград и да ги започнат нередите. Но, изворот од МУП не сакаше да го открие името на личноста која им платила на Хрватите, се со цел истата информација да не влијае на понатамошната истрага.