-->
-->
Објавени прашањата за екстерно тестирање
-->
Државниот испитен центар ги објави прашањата за екстерно тестирање за учениците од основното и средно обрзование. На интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk се достапни околу 450 илјади прашања, а 20 проценти се обновени.
Тестирањата треба да се одржат од 5 до 9 јуни. Учениците полагаат два предмета по електронски пат.
Распоредите за тестирање ќе бидат објавени на 29 мај. Кој предмет ќе го полагаат учениците ќе дознаат три дена пред тестирањето.
Според последните законски измени за основно и средно образование, годинава новина е тоа што ќе бидат тестирани учениците од шесто одделение до трета година средно, односно екстерно нема да полагаат учениците од четврто и петто одделение.
Прелиминарните резултати треба да бидат објавени на 15 јуни, по што следи период за поднесување приговори кој ќе трае три дена. Конечните резултати ќе бидат објавени на 27 Јуни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Ахмети до Мицкоски: Внимавај што зборуваш, Мицкоски му возврати да се подготви за опозиција