Објавени поетскиот и рецитаторскиот конкурс за „Рациновите средби“
Во рамки на 54. „Рацинови средби“, Здружението на граѓани „ФАД Стоби“ во соработка со гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес го објави Поетскиот и Рецитаторскиот конкурс наменет за сите средни училишта во Македонија.
Според организаторите, целта е афирмација на името, ликот и делото на Коста Солев Рацин, како и активно вклучување на средношколците во реализацијата на поетската манифестација „Рацинови средби“.
На поетскиот конкурс може да се учествува со поетски творби на тема ликот и делото на Коста Солев Рацин, додека на рецитаторскиот конкурс се настапува со втората песна од циклусот „Елегии за тебе“ од Коста Солев Рацин.
Двата конкурса се со награден карактер и траат до 20 мај годинава. Пријавувањето за конкурсите се врши по електронски пат на мејл адресата: gimkocoracin@gmail.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс