Македонија
22. April 2017 - 12:39

Објавени поетскиот и рецитаторскиот конкурс за „Рациновите средби“

Во рамки на 54. „Рацинови средби“, Здружението на граѓани „ФАД Стоби“ во соработка со гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес го објави Поетскиот и Рецитаторскиот конкурс наменет за сите средни училишта во Македонија.

Според организаторите, целта е афирмација на името, ликот и делото на Коста Солев Рацин, како и активно вклучување на средношколците во реализацијата на поетската манифестација „Рацинови средби“.

На поетскиот конкурс може да се учествува со поетски творби на тема ликот и делото на Коста Солев Рацин, додека на рецитаторскиот конкурс се настапува со втората песна од циклусот „Елегии за тебе“ од Коста Солев Рацин. 

Двата конкурса се со награден карактер и траат до 20 мај годинава. Пријавувањето за конкурсите се врши по електронски пат на мејл адресата: gimkocoracin@gmail.com.