Објавени конкурсите за манифестацијата „100 Илјади поети за промена“
Манифестацијата „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распиша поетски конкурс за годинашното издание. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално.
Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на Фејсбук-профилот на манифестација или на е-маил poetizapromena@gmail.com
Манифестацијата „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распиша и конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати, кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот. Постерите/плакатите тематски можат да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот.
Дизанерските решенија може да се испраќаат на истите адреси најдоцна до 15 септември годинава, по што ќе бидат разгледани од комисијата која ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението. Пристигнатите дела ќе бидат изложени за време на изложбата, која е дел од манифестацијата „100 илјади поети за промена“, на 24 септември годинава во Струмица.
Манифестацијата „100.000 поети за промена“ е од меѓународен карактер и се одржува во повеќе светски и европски земји. За оваа година веќе има најавено 500 настани во над 100 држави во светот, а годинава се одржува шести пат во Македонија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација