Интернет
30. јуни 2015 - 22:25

Објавени десетте најпопуларни интернет страници за торенти

Ова се десетте интернет страници за торенти што имаат најмногу сообраќај од корисници, објавена на почетокот од 2015-та година, ретроспективно од Torrent Freak. 

Со години првото место го држеше The Pirate Bay, но поради сите проблеми и тужби веќе не ја држи оваа позиција. The Pirate Bay е повторно онлајн од пред неколку дена.

1. KickassTorrents

Основан во 2009-та година, KickassTorrents изминатата година беше најпосетуваната интернет страница за торенти. За цело ова време, напорите за соборување на сајтот предизвика менување на неколку домени, а последен е сомалискиот Кickass.so, кој токму денеска отиде офлајн. (Обновено: Kickass е достапен настариот домен.)

2. Torrentz 

Torrentz е еден од лидерите меѓу овие страници неколку години наназад. За разликата од другите, на овој сајт нема хостирано торенти, туку истиот редиректира кон други интернет страници. Има повеќе домени, а најпопуларниот е Torrentz.eu

3.  ExtraTorrent

ExtraTorrent со годините добиваше сè поголема посетеност и денес е еден од најпосетуваните во активната торент заедница. 

4.  The Pirate Bay

The Pirate Bay минатата година беше на првото место на ваквата листа. Поради проблемите со затворање на серверите, како и апсењето на двајца од тројцата основачи, оваа интернет страница не работеше, а во меѓувреме имаше клонови на истата како OldPiratebay.org. Од 1. февруари The Pirate Bay е повторно онлајн.

5.  YTS

YTS познат по групата „пирати“ YIFY, денес е еден од најпознатите брендови во ова поле. Иако пробаа да ја исклучат, интернет страницата сè уште функционира и постојано се шири.

6. ЕZTV

ЕZTV го носи името на истоимената пиратска група, што специјализира за телевизиски торенти. Иако објавуваат само неколку торенти неделно, оваа интернет страница сепак привлекува милиони корисници.

7.  RARBG

RARBG, што започна како бугарски торент тракер, од лани до сега стана еден од најпосетуваните торент сајтови во светот. 

8. Isohunt.to 

Isohunt.to беше лансиран во 2013-та, две недели откако isoHunt.com беше затворен. Го основаа истите луѓе што стојат зад Oldpiratebay.org, кој е еден од најпопуларните денес.

9.  1337X

Оваа интернет страница започна како сајт воден од торент заедницата. Целта им беше „да ја исполнат потребната празнина од интернет страница за торенти без реклами“. 

10.  Limetorrents.cc 

Limetorrents.cc постои веќе неколку години, а летово беше во медиумите кога LionsGate  покрена тужба, поради снимка од филмот  „The Expendables 3“. Судскиот случај сè уште трае, а страницата продолжува со работата.