Балкан
31. October 2017 - 12:39

Објавена временска прогноза за следните три месеци - каква зима не очекува?

Државниот хидрометеоролошки завод во Хрватска објавил временска прогноза за следните три месеци. Метеоролозите очекуваат малку потопол период од вообичаениот.

Во следните три месеци во целина се предвидуваат малку потопли температури. Притоа, такви температури се очекуваат во ноември и тоа во поголемиот дел од земјите на Балканот, а позитивна промена на температурите се очекува и во декември. Од друга страна, во јануари во некои подрачја е поголема веројатноста за малку поладно време од вообичаено.

prognoza-2

Што се однесува до врнежите на снег, во следните три месеци веројатно вкупната количина ќе биде просечна или помала од просечното. Притоа веројатноста за суша е зголемена во ноември, и тоа особено на југот, а во јануари на западот. Во декември постои веројатност за врнежи од снег и тоа во средината на месецот.

Иако се очекува малку потопло време или време со помала количина на врнежи од снег, можно е да дојде и до пресврт, односно ладен воздух кој ќе донесе снег кога најмалку се очекува.