Македонија
3. December 2015 - 9:40

Објавена книга раскази од Михајло Пантиќ

Издавачката куќа „Слово“ од Скопје ја објави книгата раскази „Премногу време за неважни нешта“ од Михајло Пантиќ.

- Иако богати со литерарни алузии, расказите на Пантиќ секогаш го сведочат непосредното, градско искуство, пишува издавачот „Слово“. 

Пантиќ е еден од најзначајните српски современи раскажувачи. Неговите раскази се преведени на повеќе од дваесет јазици и со посебни изданија, вкучени се во многу антологии и прегледи во Србија и во светот.