Свет
29. February 2016 - 23:39

Објавена фотографија од обезглавеното девојче од Русија

Гулчера Бобокулова (38) брутално ја убила 3-годишната Настија М. а потоа со главата на девојчето шетала пред московското метро.

Гулчера е уапсена, а за сега полицијата потврдила само дека остатоците од телото на Настија биле пронајдени во станот, кој Гулчера го запалила откако го извршила убиството.

Се претпоставува дека Гулчера, која инаку била негувателка на Настија, чекала да заминат родителите и постарото дете, за да може да го изврши убиството.

Медиумите во Русија наведуваат дека Настија имала 3-4 години и дека била хендикепирана.