Џет-Сет
11. April 2019 - 13:19

Објавен првиот официјален трејлер за филмот „Кралот лав”

Компанијата „Дизни“ го претстави првиот официјален трејлер за новата преработка на цртаниот филм „Кралот лав”, што овојпат е во облик на игран филм.

Новата реалистична верзија на хитот на „Дизни“ од 1994 година ќе ја има премиерата на 19 јули годинава, прво во САД, а потоа и во кината низ светот.

Гласовите на ликовите ги позајмуваат Доналд Гловер (како Симба), Чиветел Еџиофор, Бијонсе, Сет Роген, Џејмс Ерл Џонс и други.

Сценариото е на Џеф Нејтансон, а режисер и главен продуцент е Џон Фавро.