Македонија
11. April 2019 - 11:01

Објавен Прирачник за Претседателските избори 2019

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Фондацијата Конрад Аденауер од Скопје, објавија „Прирачник за претседателските избори во Република Македонија 2019 година“.

Изданието на Прирачникот е достапно на македонски, албански и англиски јазик и може да се преземе бесплатно на следниве линкови: Македонска верзија на прирачникотАлбанска верзија на прирачникот
Англиска верзија на прирачникот.  

Прирачникот дава преглед за претседателските избори 2019 година, како и за историјата на претседателските избори во земјата, изборниот систем и информации за кандидатите. По завршувањето на изборите, авторите на публикацијата најавуваат второ, финално, издание на овој Прирачник во кое ќе бидат вклучени резултатите и информациите за кампањата и изборниот процес.

ИДСЦС и Фондацијата Конрад Аденауер традиционално од 2013 година, секоја изборна година подготвуваат прирачници за избори.