-->
-->
Објавен повикот за учество на 53-тиот ДАФ во Кочани
-->
Годинашното 53-то издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија ќе биде одржано во Кочани од 29 мај до 3 јуни, а средиштето на настаните ќе биде во Националната установа Центар за култура „Бели мугри“. Советот на фестивалот за селектор на годинашниот ДАФ го наименува Дарко Спасов, драматург.
- Подготовките за годинашното издание на ДАФ веќе се започнати. Го објавивме огласот за пријвување за учество на фестивалот и досега на фестивалската адреса се пријавија триесетина аснамбли од Македонија и од странство. И годинава фестивалот ќе има меѓународен карактер, а ќе бидат доделени повеќе награди, изјави Благој Пенов, директор на ДАФ.
Пријавувањето за учество на фестивалот ќе трае до крајот на овој месец, а селекторот Спасов на почетокот на месец мај ќе ги соопшти учесниците на фестивалот по што ќе биде соопштен и репертоарот на гонешниот Драмски аматерски фестивал.
Поддржка на фестивалот и годинава даде Министерството за културеа, општина Кочани како и неколку компании од приватниот сектор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари