Бизнис
10. August 2015 - 20:47

Објавен повик за закуп на државното земјиште во Џумајлиа

Владата бара нови инвеститори за Џумајлија. Државното земјиште во Свети Николе е поделено на 4 целини при што досега се заинтересирани 30 домашни и странски компании. Избраниот инвеститор во првиот дел ќе треба да изгради краварска фарма  додека останатите три  парцели ќе бидат општонаменети за разни култури,  а потенцијалниот инвеститор мора да изгради преработувачки капацитет. Минималната почетна цена на електронското јавно наддавање ќе се движи од 70 до 100 000 евра по целина.

Освен во Св Николе ќе се наддава и за државно земјиште во Струга, Ресен и Струмица. Инвеститорите во Ресен ќе можат да вложат во долгогодишни насади како и други земјоделски култури при што ќе имаат обврска да изградат фарма за говеда односно да инвестираат најмалку 3 милиони евра. Во Струга пак ќе имаат обврска да изградат живинарска фарма вредна најмалку 100 000 евра и да произведуваат сточна храна.

Инвеститорите мора да ги изградат капацитетите  во рок од 4 години, освен ладилникот во Струмица кој  мора да биде готов за две години за да можат да го користат и земјоделците од другите региони.  Огласот за доделување на државното земјиште ќе трае 60 дена.