Објавен повик за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за кредитокорисниците од ,,Ковид 2”
Развојната банка на Македонија на својата веб страница го објави јавниот повик за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за кредитната линија „Ковид 2”.
Јавниот повик ќе трае седум дена, заклучно со 18 јуни, кога е последниот ден за поднесување на барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за 12 месеци.
– Преку објавата на јавен повик со кој се овозможува корисниците на кредит од „Ковид 2” да побараат продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата се реализира мерка објавена во петтиот сет економски мерки. Објавата на јавниот повик е во согласност со Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за условите и критериумите за репласирање на средствата од компензационите фондови од странска помош, објавена во Службен весник на РМ бр.121 од 03 јуни 2021 година, информира Развојната банка.
Оние кои користат кредит од „Ковид 2” во рок од седум дена треба да поднесат барање до Развојната банка. Барањето е прикачено на јавниот повик, а се доставува преку електронска форма.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи