Објавен повик за пријавување на компании за учество на саемот во Хановер
Македонски компании ќе имаат можност да се презентираат на најкголемиот индустриски саем – HANNOVER MESSE во Хановер, Германија, што ќе се одржи во април годинава.
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, соопшти дека согласно Планот за активности за 2020 година во делот на промоција на извоз, а на предлог на бизнис заедницата, оваа година во периодот од 20-24 април ќе биде организатор во учеството со закуп на национален штанд на саемот HANNOVER MESSE во Хановер, Германија на кој ќе се претстават одреден број македонски компании.
Како што информираат од Агенцијата за странски иновации и промоција на извозот, саемската манифестација е организиран како целина од шест саеми на една платформа. На најголемиот индустриски саем во светот, компаните ќе имаат можност да најдат целосен опсег на технички иновации низ целиот синџир на вредности – од автоматизација до решенија за добавувачи, на кој учество земаат голем број од клучните носители на одлуки.
HANNOVER MESSE е идеално место за вмрежување и нов бизнис. Компаниите кои ќе се пријават ќе имаат можност да се запознаат со важни технологии, да стекнат бенефит од вредни синергии и да започнат нови проекти – се на едно место.
Дополнителни информации околу начинот на пријавуањето за саемот на адресата: export@investnorthmacedonia.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација