Објавен повик за добивање средства за рибарство и аквакултура
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска објави повик за добивање средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2017 година.
Средствата се наменети за изградба на нови капацитети, проширување, реконструкција и модернизација на постојните објекти за аквакултура, како и изградба на нови капацитети за преработка на рибите и набавка на опрема за доработка, преработка, складирање и пакување на рибите.
Од Агенцијата информираат дека финансиската поддршка ќе се исплаќа по принцип на кофинансирање на реализирани и исплатени инвестиции во висина од минимум 50 проценти до максимум 65 проценти од вредноста на одобрените прифатливи трошоци.
Вкупната вредност на исплатени финансиски средства не може да надмине износ од 3.500.000 денари.
За средствата за изградба, проширување, реконструкција, адаптација и модернизација на постојните капацитети за аквакултура може да аплицираат субјекти кои се запишани во регистарот на одгледувачи на риби, а средствата за изградба на нови и модернизација на постоечките капацитети за преработка на риби може да ги користат микро, мали и средни претпријатија регистрирани за аквакултура кои користат недвижен имот на којшто планираат да изградат преработувачки капацитети.
Барањето со потребни документи и упатсвото за корисниците може да се преземат од веб страницата на Агенцијата њњњ.ипардпа.гов.мк
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање