Македонија
1. March 2021 - 20:01

Објавен планот за Универзална - Ќе го задржи автентичниот лик

Ќе се реконструира Универзална во постојниот облик и габарит и ќе го задржи својот автентичен изглед. Со 120 милиони денари од Владата ќе се реализираат градежните активности а  проектот е  донација од архитектот Бујар Муча. Скопскиот градоначалник најави дека градежните работи ќе почнат во мај, а со надворешната реконструкција  ќе финализираат во септември. 

 -Ова не значи дека се откажуваме од идејата за нова концертна сала во Скопје, но нашиот приоритет е да ја отвориме Универзална сала во нејзиниот полн капацитет уште во текот на оваа година. На 8 март ќе биде закажана седница на Советот Град Скопје каде ќе ја примиме донацијата на изведбениот проект со што се создаваат услови за распишување на тендерската постапка и во текот на мај очекувам да почнат градежните работи, вели Шилегов

Премиерот Заев истакна дека  владата дава поддршка на сите капитални проекти на локално ниво како поддршка на политиките. Шилегов е  неговиот  фаворит за втор мандат на Скопје но сепак за тоа ќе се одлучува во партијата.

Универзална според проектот би имала капацитет од 1100 до 1200 седишта.