Македонија
6. March 2017 - 11:27

Објавен конкурсот за поетскиот фестивал „Литературни искри“

Организаторот на меѓународниот поетски фестивал „Литертурни искри“, Центарот за култура АСНОМ- Гостивар, го објави конкурсот за учество на четвртото издание.

Годинава, право да конкурираат имаат поети од Македонија и од Балканските земји без разлика на возраста. На конкурсот, авторите можат да учествуваат со три необјавени песни не подолги од 32 реда, на нивниот мајчин јазик, а ќе треба да достават и македонски препев на творбите од учесниците на кои мајчин јазик не им е македонскиот.

Во однос на темата и формата на песните ограничувања нема. Рокот за пријавување е од 15 март до 15 април. Изборот на најдобрите автори ќе ги изврши стручна жири комисија.

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ се организира во чест на 24-ти Мај, Денот на словенските просветители Свети Кирил и Методиј.