Објавен конкурсот за финансирање проекти и активности од културата
Градот Скопје денеска го објави Конкурсот за финансирање проекти и активности од областа на културата за 2016 година, со цел добивање поквалитетни програми од јавните установи од областа на културата.
Објавени се два посебни Конкурси и тоа: „Конкурс за финансирање и поддршка на програмите и дејноста на јавните установи од областа на културата основани од Градот Скопје“ и „Конкурс за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2016 година“ со „Општи и посебни цели и критериуми за оценување на доставените проектни апликации на Конкусот за финасирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2016 година“.
- Со воведување на овие измени се стремиме да им се излезе во пресрет на граѓаните, уметниците, невладиниот сектор и професионалните здруженија од областа на културата кои во текот на изработката на стратегијата, во рамките на дебатите кои се одржаа, укажаа на недостатоците и проблемите со кои се соочуваат при спроведување на досегашнаста процедура за одлучување и поделба на средствата од Буџетот на Град Скопје наменети за финансирање на кулурата, се наведува во соопштението од Град Скопје.
Конкурсот е објавен во дневните пишани медиуми „Нова Македонија“, „Дневник“ и „Коха“ и ќе трае до 1 октомври 2015 година. Резултатите од Конкурсот, ќе бидат објавени во „Службениот гласник на Град Скопје“ и на официјалниот веб портал на Град Скопјеwww.skopje.gov.mk, со објавување на Програмата за финасирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Градот Скопје.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо