Македонија
2. September 2015 - 13:28

Објавен конкурсот за финансирање проекти и активности од културата

Градот Скопје денеска го објави Конкурсот за финансирање проекти и активности од областа на културата за 2016 година, со цел добивање поквалитетни програми од јавните установи од областа на културата.

Објавени се два посебни Конкурси и тоа: „Конкурс за финансирање и поддршка на програмите и дејноста на јавните установи од областа на културата основани од Градот Скопје“ и „Конкурс за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2016 година“ со „Општи и посебни цели и критериуми за оценување на доставените проектни апликации на Конкусот за финасирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2016 година“.

- Со воведување на овие измени се стремиме да им се излезе во пресрет на граѓаните, уметниците, невладиниот сектор и професионалните здруженија од областа на културата кои во текот на изработката на стратегијата, во рамките на дебатите кои се одржаа, укажаа на недостатоците и проблемите со кои се соочуваат при спроведување на досегашнаста процедура за одлучување и поделба на средствата од Буџетот на Град Скопје наменети за финансирање на кулурата, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Конкурсот е објавен во дневните пишани медиуми „Нова Македонија“, „Дневник“ и „Коха“ и ќе трае до 1 октомври 2015 година. Резултатите од Конкурсот, ќе бидат објавени во „Службениот гласник на Град Скопје“ и на официјалниот веб портал на Град Скопјеwww.skopje.gov.mkсо објавување на Програмата за финасирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Градот Скопје.