Македонија
8. September 2016 - 13:37

Објавен конкурсот за доделување на наградата „Осми октомври“ во Крива Паланка

Општината Крива Паланка го распиша конкурсот за годинашната октомвриска награда, која се доделува по повод 8 Октомври, денот на ослободување на градот.

Наградата се доделува на физички и правни лица од Крива Паланка и од Република Македонија како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитанието и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото кои придонеле за развојот на Општината и нејзина афирмација во Република Македонија и во светот.

Наградата покрај на физички и правни лица се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или за континуирани успешни резултати во наставни и воннаставни активности.

Право да предлагаат кандидати за Наградата имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општината Крива Паланка.

Предлогот мора да биде образложен, а кога се однесува на поединци, група творци или ученици односно студенти, треба да се приложи кратка биографија. Предлагачите треба да ги наведат својот полн назив и седиштето, односно името и адресата.

Конкурсот трае 8 осум дена од денот на објавувањето, а предлозите за кандидати се доставуваат до Одборот за доделување награди и признанија на општината Крива Паланка