Македонија
12. October 2015 - 10:58

Објавен конкурс за откуп на драмски текстови за 2016 година

Министерството за култура го објави конкурсот за откуп на драмски текстови за 2016 година, кој како мерка е предвиден во Стратегијата за развој на културата 2013 - 2017 година.

На конкурсот може да учествуваат автори кои се државјани на Македонија. Секој автор има право да конкурира со по еден оргинален драмски текст кој не е претходно јавно изведуван, ниту публикуван. Конкурсот е отворен до 1 февруари идната година. 

Поради големиот интерес од минатата година кога беа откупени три дела, годинава Министерството за култура одлучи бројот на откупени дела да се зголеми.

Пристигнатите текстови ќе ги оценува комисија составена од стручни лица, која ќе направи избор на најмногу пет драмски текста.

Конкурсот како стимулативна мерка за првпат беше промовирана минатата година во насока на збогатување на националниот фонд на драмски дела, поттикнување на домашното творештво и афирмација на улогата на авторот.

Со долгорочната реализација на овој конкурс, кој се објавува секоја година, се очекува творештвото од областа на драмската дејност да се димензионира во рамки кои соодветствуваат со реалните потреби на македонската театарска сцена. Од друга страна, како што велат од Министерството за култура, проектот ќе има големи придобивки и во промоцијата на македонските автори и нивното творештво, во национални рамки и во меѓународен контекст.

Конкурсот за откуп на драмски текстови за 2016 година може да се најде на веб-страницата на Министерството за култура