Објавен конкурс за избор на иновативно претпријатие на годината
Фондацијата Претпримачки сервис за млади ПСМ објави конкурс за избор на „Иновативно претпријатие на годината“ на кој ќе можат да се пријават сите компании регистрирани во државава.
Националниот конкурс „Иновативно претпријатие на годината“ е признание што се доделува на иновативни македонски претпријатија кои успешно лансирале иновација во своето работење. Целта е да се промовираат успешни бизнис модели и достигнувања базирани на иновации и нови технологии од македонски компании во сите индустриски сектори. Се наградуваат иновативните компании што имаат развиено нови или значително подобрени производи, услуги и/или процеси во изминатите три години (2016, 2017 и 2018 година). Заинтересираните компании ќе можат да аплицираат за една од трите категории: старт-ап, мала и средна компанија. Конкурсот е отворен за сите индустриски сектори.
Преку награден фонд од 600.000 денари, обезбеден со поддршка на град Скопје три компании ќе бидат наградени со 200.000 денари, наменети за унапредување на конкурентноста на иновацијата и интернационализација на бизнисот. Најдобрата компанија од секоја категорија ќе добие признание за успешност и ќе биде промовирана на првата манифестација „Иновативно претпријатие на годината“ што ќе се одржи на 29 мај годинава во Скопје.
Добиените финансии компанијата ќе може да ги искористи за заштита на интелектуалната сопственост на иновацијата, посета на меѓународни саеми, конференции, б2б настани, купување опрема.
Компаниите треба да пополнат форма за апликација и да ја испратат на info@yes.org.mk најдоцна до 25 април. Конкурсот и формите за апликација се достапни на www.pretpriemac.mk/konkurs-
Објавувањето на конкурсот е во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, финансиран од Европската Унија.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање