Свет
18. September 2018 - 13:17

Обилните дождови покренаа свлечиште на Тајланд: Загина девојче (2), 7 исчезнати и 12 повредени

Во свлечиште предизвикано од обилните дождови на Тајланд загина едно лице, а седум се водат за исчезнати, соопштија властите во Тајланд.

Според неофицијалните информации, загинало двегодишно девојче.

Властите соопштија дека свлечиштето се покренало во бегалски камп во покраината Мае Хонг Сон и дека 12 лица се повредени.

Според неговите зборови во тој камп се наоѓаат околу 9.000 лица, главно Карени, малцинство од Мјанмар. Целосно се уништени шест засолништа, а оштетени се седум.