Обилни врнежи на снег во Европа
Обилните снежни врнежи што денеска зафатија повеќе делови на Европа предизвикаа проблеми во одвивањето на копнениот и воздушниот сообраќај.
Поради обилните врнежи од снег затворен за сообраќај е аеродромот „Завентем“ во Брисел. Засега нема ниту полетувања, ниту слетувања, соопштија аеродромските власти.
Во Франција, во 32 области е прогласена вонредна состојба, а поради врнежите на снег над десетици илјади домаќинства останаа без електрична енергија.
Снежната бура предизвика хаос и во северниот дел на Италија.
Во Германија уште од вчера времено е запрен целиот сообраќај на аеродромот во Дизелдорф, чиј претставник изјави дека засега не е познато колку долго тој ќе остане затворен.
На најголемиот аеродром во Германија, франкфуртскиот, функционира само една писта, поради што се откажани голем број летови или се изведуваат со задоцнување. Претставник на аеродромот оцени дека состојбата е „драматична“.
Откажани се повеќе летови и од аеродромот Келн-Бон, но тој засега не е затворен за сообраќај и кон него се пренасочуваат авионите што требаше да слетаат во Дизелдорф.
Делови на Велика Британија исто така се зафатена од обилни снежни врнежи.
Британската метеоролошка служба објави „жолто“ предупредување од можни нови снежни врнежи, пред се во централните делови на Англија и во северен Велс.
Аеродромот во Бирмингем и лондоснкиот „Станстед“ ги откажаа сите летови поради замрзнување на пистите, а во реонот на Лестер целосно беше прекинат сообраќајот на автопатот М1, кој го поврзува Лондон со североисточниот дел на Англија.
Бо исто време, северните делови на Словачка ги погоди ураган, а најкритична е ситуацијата во одморалиштетот Јасна. Ветерот во регионот достигна брзина од 120 километри на час.
Турнати се дрва, а на одредени места во прекин е снабдувањето со електричната енергија. Метеоролозите прогнозираат дека ветерот ќе достигне јачина до 180 километри на час.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар