Обилен снег на дел од патиштата, забрана за автомобили преку „Буково“
Забрана за движење на планинскиот превој „Буково“, покрај за тешки товарни возила, е воведена и за патнички моторни возила. Поради обилните снежни врнежи, МВР апелира на магистралните патишта Охрид-Кичево и Охрид-Ресен да се вози при исклучителна нужност за да се избегнат евентуални несакани последици.
СВР Охрид, укажува Министерството, презема засилени мерки за безбедност и контрола на сообраќајот и спроведува мерки за забрана на движење на тешки товарни возила кон планинските премини „Пресека“, „Буково“ и кон граничниот премин „Ќафасан“.
Поставени се сообраќајни контролни пунктови кај „Подмолје“ на магистралниот пат Охрид-Кичево и кај „Емо“ во близина на село Косел на магистралниот пат Охрид-Ресен.
- На тие патни правци не се дозволува движење на тешки товарни возила, а посебно напоменуваме забраната за движење се однесува и на патничките моторни возила. Поради тоа, а со цел избегнување несакани последици, апелираме на исклучива нужност во користењето на патничките автомобили, а кон спомните патни правци и целосно почитување на важечките забрани за движење на тешките и други моторни возила и секако почитување на инструкциите и насоките на полициските службеници кои се на терен, соопшти МВР.
Како што потсетува, за сите моторни возила неопходно е носење и користење зимска опрема.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид