-->
-->
Обиени просториите на РФМ
-->
Неочекувани проблеми за Ракометната федерација на Македонија (РФМ) во пресрет на завршните подготовки пред Европското првенство во Полска. Утрово вработените при доаѓањето на работа по Божиќните празници ги дочекала отворена врата. Крадци извршиле упад, а информации околу евентуална штета се уште нема.
- Веднаш пријавивме и полицијата изврши увид. Ова е баш непријатно изненадување на два дена пред натпреварите на домашен терен со репрезентацијата на Црна Гора, како и неполна недела пред почетокот на ЕП во Полска, велат накусо од РФМ.
Македонската ракометна репрезентација денеска ги продолжува подготовките, в недела и во понеделник ќе одигра два контролни натпревара со Црна Гора, а за Краков заминува на 13 јануари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи