Македонија
14. December 2017 - 11:59

Обид за убиство во Гостивар

Полициската станица Гостивар поднесе кривична пријава против 32-годишниот Е.Х. од Гостивар поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “убиство во обид“.

- На 5-ти овој месец, околу 18 часот и 30 минути во Гостивар, на улица “Тоде Богданоски“, пријавениот при вербална расправија со 32-годишниот Д.К. од Гостивар, со нож и секира физички го нападнал, но бил спречен од случајни минувачи, при што на Д.К. му нанел телесни повреди во пределот на главата и левата рака, информираат од полицијата.