Обид за убиство во Гостивар: За 100 евра и мобилен, го удрил со секира во глава
Крвава драма се случувала вчера околу 18 часот и 30 минути на улицата „Тоде Богданоски“ во Гостивар.
Од полицијата информираат дека додека 32- годишниот Д.К седел со пријател дошол Е.Н.
Е.Н. откако видел дека Д.К. во раката има 100 евра и мобилен телефон се обидел да ги земе и да побегне, но бил спречен од 32 годишниот гостиварец.
По ова напаѓачот извадил нож и замавнал кон Д.К., потоа од под јакната извадил секира со која го удрил по главата нанесувајќи му расекотина, по што со ножот го прободел два пати во пределот на левото рамо и избегал.
Повредениот Д.К. бил пренесен во гостиварската болница, каде по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
Од полицијата информираат дека извршиле увид на местото и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс