Свет
3. March 2018 - 21:09

Обид за самоубиство пред Белата куќа

Неидентификуван маж денеска се обидел да се самоубие пред Белата куќа, соопшти американската Тајна служба.

Според американските медиуми на местото на инцидентот се наоѓа лекарска екипа.

Американскиот претседател се наоша во Флорида и треба да се врати во текот на денот.

Претходно, американските медиуми јавија дека најмалку еден куршум е истрелан во близина на северната ограда на Белата куќа.