Обид за напад на грчкиот претседател при одбележувањето на „Денот на независноста“ на Грција
Непознат човек се обидел да го пробие полицискиот кордон и да го нападне грчкиот претседател Прокопис Павлопулос при одбележувањето на свеченоста „Денот на независноста“ на Грција, во моментите кога положи венец пред Споменикот на непознатиот војник, по шпто следуваше инцидентот.
Полицијата веднаш реагираше и го уапси напаѓачот.
За да се спречат инциденти грчки медиуми јавија дека 1.600 полицајци ќе бидат ангажирани за безбедноста во Атина, а полицијата ќе има засилено присуство и во Солун, Пела, Катерини, Верија, Едеса и јаница.
Причина за загриженост се вчерашните екстремни слогани кои биле извикувани пред ученичката парада како и лутите реакции на грчките иселенеци во Мелбурн Австралија кои вчера го избркаа потпретседателот на грчкиот парламент Јоргос Веременос од манифестацијата во пресрет на 25 март, протестирајќипоради Преспанскиот договор.
Реакциите покажуваат дека оние кои верувале дека гневот од постигнатиот компромис и Преспанскиот договор ќе се намалува со текот на времето, не биле во право, пишува „Ефимирида“.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари