Македонија
6. October 2021 - 18:01

Обид за физички напад врз Максим Димитриевски

Кандидатот за градоначалник на Куманово Максим Димитриевски вчеравечер пријавил во полиција дека две лица му се заканувале и пробале да го нападнат. Како што стои во соопштението од МВР:

„На 05.10.2021 во 21.33 часот во СВР Куманово, М.Д., кандидат за градоначалник на Куманово пријавил дека, додека имал средба со граѓани во Долно Којнаре, кај спортското игралиште, Д.„Н“ и З.П. го навредувале и му се заканувале, по што се обиделе и физички да го нападнат. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.