Свет
6. August 2016 - 12:19

Обид за атентат врз лидерот на сепаратистите од Луганск

Врз претседателот на самопрогласената „Народна Република Луганск“, Игор Плотницки утрово е извршен обид за атентат, јавија локалните медиуми под контрола на проруските сепаратисти.

Според истите извори, како што пренесе ТАСС, Плотицки бил повреден при експлозија на бомба во близина на неговиот автомобил, по што итно е префрлен во болница.  

При експлозијата биле повредени „повеќе луѓе“ и биле предизвикани оштетување на фасадите на околните згради.

Полицијата спроведува истрага на местото на експлозијата.