Македонија
8. November 2016 - 11:33

Обичаи и верувања - Какво е времето на Митровден, таква ќе биде зимата

Денеска е Митровден и е мрсна трпезата. Според народните верувања се вели дека ако денеска биде облачно, ќе имаме топла зима, ако биде ведро ќе имаме остра зима.
 
За Митровден се верува дека предскажува каква ќе биде зимата. Ако денот е сончев, наводно зимата ќе биде блага, со исклучително малку студени денови. Ако на Митровден падне снег, се верува дека снегот ќе се задржи до април.