Живот
20. February 2019 - 22:41

Обезглавеното тело на Сузана Карера е пронајдено во торба со ужасна порака: Камерите ги снимија нејзините последни мигови

Делови од телото на Сузана Карера се пронајдени во Коацакоалкос на источниот брег на Мексиканскиот залив. Таа е грабната недела дена претходно пред куќата на својата пријателка, каде отишла да си ги земе децат.а

Обезглавено женско тело е пронајдено внатре во голема торба со порака, во која се обвинува нејзиниот сопруг дека „одбил да плати откуп'.

На застрашувачката снимка од надзорната камера се гледаат нејзините киднапери како ја туркаат во автомобил за неколку секунди. Недела дена подоцна остатоците на жената се пронајдени во торба оставени на улица.

Осомничените киднапери оставиле порака внатре во торбата, во која стои дека нејзиниот маж „се забавувал и не го платил откупот“.

Според пишувањето на локалните медиуми, таа е обезглавена, зошто бараниот откуп во износ од 183.871 евро не е платен.

Нејасно е како нејзиниот маж го примил барањето за откуп.

Неколку часа подоцна мажот потврдил на Фејсбук дека е убиена и се заблагодарил за поддршката во текот на целата недела додека била заробена.

„Ви благодарам на сите на молитвите и желбите мојата Сузана да се врати дома, за жал тоа нема да се случи. Таа е мртва“, напишал тој.