Македонија
6. December 2024 - 17:06

Обезбедувањето на Гаши во тешка сообраќајна несреќа

Возило од обезбедувањето на претседателот на Собранието изгуби контрола и излета на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на Ново Село Дебарца. Во незгодата повредени се три лица полициски службеници  кои се пренесени во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

Претседателот на Собранието Гаши истакна дека ги посетил повредените  лица од обезбедувањето тие  се во стабилна состојба немаат некои посериозни повреди  и упати апел   час поскоро да се изгради овој патен правец кој сеуште е во изградба а на кој доста често се случуваат сообраќајни несреќи  .

На местото на настанот извршен е  увид, кој треба да ги утврди причините за сообраќајната несреќа во која учествуваше возило од обезбедувањето на собранискиот спикер Гаши кој денеска е во работна посета на Охрид.