Македонија
28. April 2016 - 13:33

Обезбедување документи без надомест за сообраќајка во Србија

Граѓаните на Република Македонија кои ќе патуваат во и низ Република Србија со поседување зелен картон во случај на сообраќајна несреќа без дополнителен надомест ќе ги обезбеди основните документи и докази за да се обештети граѓанинот на Република Македонија. 

Ова е овозможено со потпишаниот договор помеѓу Националното биро за осигурување на Република Македонија, претствувано од генералниот директор Трајче Латиновски и директорот на Националното биро за зелена карта на Република Србија, Миша Јанковиќ.

Договорот овозможува и ја реализира намерата на Советот на бироа од Брисел да се применат механизмите од „IV-th Motor Insurance Directive“ и на граѓаните од двете држави со оглед на големата феквенција на возила и патници.

Со Договорот е дадена можност лицето да се обрати до своето Биро за зелена карта, кое преку Биротот за зелена карта каде што е настаната незгодата ќе ги обезбеди основните документи и докази за да се обештети граѓанинот.

Националното биро на Република Македонија, како што соопштуваат, планира до крајот на оваа година да потпише договори од овој вид со Хрватска и Бугарија. Со овие договори Македонија ќе има договори за заштита на посетители со сите држави од окружувањето.