Македонија
30. March 2021 - 16:02

Обезбедени вакцини за новинари и медиумски работници

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во координација со Министерството за здравство во наредните денови ќе организира вакцинација против Ковид-19 за новинари и медиумски работници.

Обезбедени се дози од вакцината „Астра Зенека“ кои ќе бидат наменети за хронично болни новинари и медиумски работници и за оние над 45 години кои работат на терен или имаат чести студиски снимања.

Пријавувањето ќе се врши преку редакциите кои треба да достават список на електронската пошта: contact@ssnm.org.mk со испраќање на пополнет формулар кој може да го симне тука.

Рокот за поднесување на формуларот е до утре до 16 часот.

За терминот и локацијата за вакцинирање, пријавените ќе бидат дополнително исконтантирани.

Останатите новинари и медиумски работници кои не се опфатени во оваа група ќе бидат опфатени во втората фаза на вакцинација, која е најавена за крајот на април.