Обединетото Кралство ја поддржува Македонија во остварување на амбициозните национални климатски цели
Амбициите на земјава во справување со климатските промени во пресрет на конференцијата на Обединиетите Нации за климатски промени COP26, која годинава ќе се одржи во Глазгов, беше тема на работната средба на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и министерката за Европа и Америка на Обединетото Кралство Венди Мортон.
-Министерката Мортон ја потврди поддршката на Британската Влада за постигнување на амбициозните цели дефинирани во ревидираниот национално утврден придонес кон Договорот од Париз. Во дискусијата особено беше наглесена потребата од вклучување на сите засегнати страни и пошироката јавност како единствен начин за постигнување на поставените таргети. Исто така акцентирана беше и важноста на едукацијата, подигањето на јавната свест и промената на навиките во однос на животната средина, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.
Министерот Нуредини ги потврди заложбите на Владата за преминување од јаглен кон обновливи извори на енергија и се заблагодари на континуираната поддршка од Британската Влада кон овој комплексен процес.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција