Обединетото Кралство го прифати терминот Република Северна Македонија
– Владата на Обединетото Кралство во однос на Македонија ќе го користи терминот Република Северна Македонија, соопшти денеска секретарот за надворешни работи Џереми Хант.
Во изјавата објавена на веб-страницата на Владата на Обединетото Кралство и по повод стапувањето во сила на Преспанскиот договор меѓу Грција и Македонија, Хант наведува дека ова е историски момент за двете земји.
–Двете страни ги презедоа потребните чекори за да стапи во сила Преспанскиот договор. Владата на Нејзиното Величество им честита на владите на Република Грција и Република Северна Македонија за нивната храброст и одлучност во решавање на овој долгодишен билатерален спор. Ова е историски момент за двете земји. Мило ми е што ќе ја продолжиме соработката со Северна Македонија и со Грција на билатерална основа, како и во Северноатлантската Алијанса во интерес на европската безбедност, пишува Хант.
Во изјавата уште се наведува и дека Владата на Обединетото Кралство доби барање од Владата на Република Северна Македонија да го прифати и користи името и термините наведени во членот 1 (3) од Преспанскиот договор. Во таа насока Владата на Обединетото Кралство во однос на Македонија ќе го користи терминот Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето