Македонија
28. April 2017 - 11:45

Обединетите нации повикуваат на мир и воздржаност во Македонија

Организацијата на Обединетите нации соопшти дека со исклучителна загриженост го следат развојот на ситуацијата во Македонија и воедно повикаа на мир и воздржаност.

„Насилството насочено кон демократските институции и избраните претставници на народот е неприфатливо“, се истакнува во соопштението потпишано од портпаролот на генералниот секретар на ОН Стефан Дижарик.

Во соопштението, објавено на интернет страницата на Светската организација, се повикуваат сите политички сили, преку демократски средства, да ги разрешат меѓусебните несогласувања, согласно со Уставот, а со цел без одложување да се надмине политичката блокада.