Македонија
20. July 2018 - 16:16

Обдукцијата треба да откри од што почината Динева - се проверуваат сите здравствени институции каде била третирана

Здравствените власти го чекаат обдукцискиот наод за 30 годишната Елизабета Динева која пред 20-тина дена била породена во гевгелиската болница а пред 5 дена почина на КАРИЛ. Од Државниот здравствен инспекторат ги проверуваат сите установи каде родилката била медицински третирана. Вчера го посетиле и матичниот гинеколог на Динева, кој, пак е еден од двајцата гинеколози за кои обвинителството покрена обвинение за смртта на родилката Маја Кадиева која почина пред околу три години во гевгелиската болница за време на царски рез.

Комисија од стручни лекари од денеска ќе го испитува случајот за смртта на родилката Елизабета Савиќ Динева. По налог на министерот за здравство, треба да ја проверат целокупната медицинска документација за 30 годишната гевгеличанка која пред 5 дена почина на КАРИЛ а била породена во болницата во Гевгелија.

По извршениот надзор во гевгелиската здравствена установа каде Државниот санитарен и здравствен инспекторат го проверрувал целокупниот третман на родилката од приемот до излегувањето од болница, инспекторите денеска се и на Клиниката за Неврологија каде Динева била однесена со Брза Помош. Таму ја задржале само неколку часа се до влошување на состојбата, по што била префрлена на Клиниката за анестезија и реанимација. Од ДСЗИ ќе одат и на КАРИЛ каде родилката починала по две недели поминати во кома.

Инспекторите го проверувале и  здравствениот картон на Динева кај матичниот гинеколог, за да утврдат дали имала уредна бременост и дали биле евидентирани и други заболувања. Матичниот  е еден од двајцата гинеколози против кои обвинителството покрена обвинение за смртта на Маја Кадиева која пред три години почина во гевгелиската болница за време на царскиот рез.

Во очекување на обдукцискиот наод кој треба да ја покаже причината за смртта на Елизабета, од семејството се сомневаат на пропусти во болницата во Гевгелија.

-Александар Динев, сопруг на починатата Елизабета Динева

Александар ја чува и последната комуникација со сопругата пред да падне во кома,  каде се жалела дека има температура и дека и е тешко. Се грижи за малата Јована која на 20 дена остана без мајка и вели дека правдата ќе ја бара до крај.