Балкан
26. July 2016 - 14:47

Обдукцијата покажа: Антонио го претепал тригодишното дете до смрт

На Антонио Крстиќ му се заканува казна од 24 години затвор за физичко малтретирање на своето дете. Обдукцијата на 3-годишната Саманта од Италија која ја уби нејзиниот очув, Србинот Антонио Крстиќ, покажа дека ангелчето некој период било мета на насилство и тортура.

Тој беше уапсен во Италија под сомнение дека ја убил ќерката на неговата девојка Хуана. Тој брутално ја претепал, по што малата Саманта се онесвестила од ударите, па потоа под закана дека двете ќе ги запали, и наредил на Хуана да ја оживее ќерка си. Викнал полиција и брза помош и кажал дека девојчето имало температура и паднало.

Мајката беше веднаш сослушана во полиција и призна дека таткото со години го тепа детето.

За делото му се заканува казна затвор од 12 до 24 години.